Коронавирусот сè уште предизвикува проблеми за многумина. Затоа, во многу земји, карантинот и самоизолацијата се сè уште многу актуелни теми. Но, иако во повеќето случаи самоизолацијата автоматски значи неколку недели чиста здодевност, има и примери кога луѓето уживаaт во изолација, како да се на одмор.
Еден таков пример е Lilypad Palm Beach Villa, куќа која плови 100% со соларна енергија која им нуди на гостите безбедност, изолација, удобност и уживање во природата.
Сместена е во Заливот Питвотер во Австралија, па дури може да се изнајмува и на Airbnb. Погледнете што се крие во неа.