Мачката Пито има четири години и припаѓа на кратковлакнестата британска раса, а ја посвоиле баба и дедо од Белгија. Поради деформитет при раѓањето, сопствениците на леглото сакале да ја успијат.
Оваа трогателна приказна ја сподели внуката на сопствениците на оваа симпатична мачка, која и покрај нејзиниот необичен изглед, живее среќно, не трпи болка и нејзиното тело функционира нормално.
Поради тешката форма на сколиоза, Пито изгледа „тркалезно“, но таа е здрава и весела мачка.
Погледнете!