Овие фрази се сигурен знак дека партнерот повеќе не ве сака

popara4 април, 20202min00
Capture

Според психолозите кои се занимаваат со односите во љубовните врски, постојат јасни показатели во врска со специфичното однесување на партнерите кои сигнализираат и кои укажуваат дека работите не се одвиваат добро меѓу двајцата кои се во врска.

Исто така, покрај однесувањето, се разгледува и разговорот и се покажува дека има одредени конструкции и фрази што се користат во врската, свесно или на потсвесно ниво, кога чувствата се промениле значително или биле исти од самиот  почеток. Следниве фрази се сигурен знак дека партнерот повеќе не ве сака.

„Не сум должен ништо да ти објаснувам“

Ова е многу честа фраза што сигнализира дека има проблем не само во комуникацијата, туку има целосно отсуство на потреба за партнерот.

Се разбира, нормалниот однос со партнерот не подразбира водење грижа за секој чекор, што е карактеристично за опсесивна и посесивна љубовна врска. Сепак, сосема е нормално да се разменуваат мислења со партнерот за одредени ситуации.

Ако вашиот партнер на секое ваше прашање и интерес за она што се случува во неговиот живот, одговара на овој начин – дека тој не е должен да ви објаснува ништо – тогаш тоа е јасен знак дека тој веќе нема искрени љубовни чувства кон вас.

„Ова не е мој проблем“

Љубовната врска која се потпира на цврсти темели, не значи само споделување на само убави и слатки моменти, туку и заедничко решавање на проблемите.

Дури и кога вашиот проблем нема никаква врска со партнерот, туку се однесува (на пример) на осносот со колегите на работа, тоа не значи дека саканата личност не треба да ви помогне со разговор и совет како да се справите во ситуацијата. Меѓутоа, ако наместо разбирање и поддршка, добиете само едно кратко и јасно: „Ова не е мојот проблем“, тоа значи дека вашиот партнер не се грижи премногу за вас или за вашите проблеми.

„Ако не ти одговара, најди некој друг“

Последното нешто што треба да го очекувате од личноста со која сте во љубовна врска и која наводно ве сака, се прекумерни емоции, и среде некаква банална дискусија, тој да ви каже дека можете слободно да барате некој друг. Едноставно не постои логика во оваа реченица. За жал, ова амо ви овозможува да сфатите дека не би бил премногу вознемирен ако го сторите тоа, што значи дека тој веќе не ве сака или дека не ве сакал уште од самиот почеток.

„Прави што сакаш“

Покрај тоа што во одредени случаеви е индикација дека  партнерот нема самодоверба, фразата „Не ти верувам“, може да значи и дека партнерот измислува изговори да ве дискредитира и да ве обвини однапред за евентуалното раскинување, оправдувајќи се, дека не сте ја заслужиле неговата доверба. А вистината е, дека повеќе ги нема истите емоции веќе за вас.

„Навистина те сакам“

И за крај, психолозите тврдат дека изразот „Јас навистина те сакам“ не е изјава за љубов, туку форма на манипулација со вашите чувства.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag