Овие намирници се најдобри природни афродизијаци

popara11 април, 20202min00
afrodizijak

Ве интересира како храната може да создаде „романтична атмосфера“?

Бидејќи готвењето без облека од очигледни причини не е препорачливо (дури и Џејми Оливер не го испробал тоа) сè уште можете е да ги користите следниве природни афродизијаци. Додадете ги овие намирници на следната листа за купување!

Авокадо

Покрај својата свиленкаста текстура и богат вкус, авокадото содржи и големи количини на витамин Е, кој му помага на организмот при производство на хормони како што се тестостерон, прогестерон и естроген.

Школки

Покрај тоа што го зголемуваат нивото на цинк во вашето тело, истражувањето покажало дека остриги и школки содржат аминокиселини кои го активираат лачењето на половите хормони.

Чоколадо

Темното чоколадо помага во зголемување на допамин, клучен невротрансмитер во нашиот мозок кој е одговорен за согледување на задоволството.

Чили пиперки

Пиперките чили го стимулираат лачењето на ендорфините, што ќе ве задржи во многу добро расположение, а исто така ќе го зголемат пулсот, што може да предизвика возбуда.

Банани

Бананите можат да ја зголемат екскреција на тестостерон и се богати со калиум и витамин Е, што ќе го засили нивото на енергија и издржливоста.

Кафе

Кофеинот го забрзува отчукувањата на срцето и циркулацијата, што може да доведе до зголемена возбуда.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag