Конзумирајќи ѓумбир, ќе го забрзате метаболизмот, а со тоа и ќе изгубите вишок килограми. Сличен ефект има и обвивката за тело со ѓумбир. Научете како да го направите и како можете да го користите.
Натопете крпа во што е можно потопла вода и завиткајте го делот од телото каде што сакате да ставите обвивка со ѓумбир. Оставете неколку минути за да се прошират порите на телото. Доколку е потребно, повторете го овој чекор уште еднаш. Измешајте ѓумбир и лосион за тело, и нанесете подебел слој од оваа смеса на посакуваното место. Потоа завиткајте го неколку пати со фолија. Ставете еластичен (или обичен) завој над фолијата. Не стискајте премногу силно.
Поентата е да се чувствувате пријатно. Оставете го да делува најмалку четири часа, а ако не ви претставува проблем, цела ноќ. На почетокот може да почувствувате чувство на пецкање. Не грижете се, бидејќи тоа е знак дека облогата работи. Овој премаз е добар, бидејќи ѓумбирот ги намалува насобраните маснотии во телото. Забележете дека резултатите се уште подобри ако сте упорни, јадете правилно и редовно вежбате. Исто така, со додавање на ѓумбир во вашата дневна исхрана, ќе го зголемите ефектот на овој премаз и ќе изгубите уште повеќе сантиметри во половината.