Овие пет работи не треба да ги правите за време на пандемијата на коронавирусот

popara31 октомври, 20201min0
PXL_271020_30639170

Сите имаме некои навики на кои не сме горди и за кои не сакаме другите да знаат, но некои од нив би можеле да бидат особено опасни за време на пандемијата на коронавирусот.

Овие пет навики ве ставаат на дополнителен ризик од инфекција со коронавирус:

1. Ги грицкате ноктите

Бројни видови бактерии и микроби се собираат под ноктите, а ако ги ставите неизмиени рацете во уста, тогаш можете да ставите микроби директно во вашето тело.

2. Стискање мозолчиња

Д-р ЈералПател предупредува дека треба особено да престанете да го правите ова за време на пандемија, бидејќи може да го загрозите сопственото здравје.

„Ако ги допрете површините каде е вирусот, а потоа го допрете сопственото лице, дозволувате вирусот да влезе во вашето тело преку устата, очите или носот“, вели Пател.

3. Не ја перете постелнината

Истражувањата покажаа дека коронавирусот може да преживее на одредени површини до неколку дена и затоа е исклучително важно редовно да се следат оние предмети што се во контакт со вашето тело. Пател советува перење пешкири и постелнина еднаш или двапати неделно.

4. Ја чувате четката за заби поставена на мијалникот

„Четките за заби може да имаат плунка или крв на нив и се покажа дека можат да го пренесат вирусот“, истакнува ДМД ХенриХакни.

Тој препорачува ако веќе ја чувате четката на мијалникот, тогаш оставете ја да биде во исправена положба и проверете дали не ги допира четките на другите членови на семејството.

5. Ја делите храната

Вирусот може да се пренесе и со употреба и споделување садови и прибор за јадење кои не се темелно измиени, затоа не споделувајте храна, пијалоци, садови и прибор за време на пандемијата, советува BestLife.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma