Кортни Кардашијан неодамна се пожали дека карантинот и влијае на зголемување на килограмите, но вишокот килограми не се баш видливи. Таа, исто како и нејзината сестра Кендал Џенер, ги сака комбинациите кои не покриваат многу.
Познатите дами честопати се држат до правилото „помалку е повеќе“ и станува се потешко да не изненадат со нивните модерни комбинации . Меѓу нив е и пејачката Џенифер Лопез, која сака да се фали за нејзината совршена фигура. Џенифер изгледа одлично во 51-та година и изгледа совршено во мини здолниште.
Манекенката Ирина Шајк (34) неодамна беше видена како шета низ Њујорк во тесен црвен фустан, изгледајќи беспрекорно. Поранешната девојка на Бредли Купер во моментот е во љубовна врска со Вит Шнабел, и воодушевува секој пат кога ќе излезе во јавноста.