Овие познати парови се разделија веднаш штом станаа родители

popara15 април, 20204min00
naslovna

Голем број на познати личности ги прекинале врските и браковите неколку недели или месеци по раѓање на детето, а за овие најмногу за зборуваше во јавноста.

Шон Комбс (Пи Диди) и Ким Портер

Диди се разведе од својата девојка Ким Портер само неколку месеци откако манекенката ги роди своите ќерки близначки Дили и Џеси (13) во 2007 година.

Оваа двојка постојано имаше прекини во врската од 1994 година, а конечно се разделиле во 2007година, бидејќи Диди 5 месеци пред да се родат близнаците добил дете од друга жена, за што Ким дознала во текот на бременоста.

Кога ја прашале дали е тоа причина за нивната разделба, таа одговорила: “Да тоа е дефинитивно една од причините.”

Таа останала во добри односи со раперот, се додека за жал не почина од пневмонија во 2018 година на 47-годишна возраст.

Клои Кардашијан и Тристан Томпсон

Имаше многу наслови во врска со прекинот на врската на реалити sвездата и нејзиниот поранешен партнер кошаркарот Тристан Томпсон.

Откако му соопштија на целиот свет дека се заедно во 2016 година, ја добија својата ќерка Тру во април 2018 година.

Иако се чинеше како Клои конечно да го пронајде својот принц, откако со години имаше драма со поранешниот сопруг Ламар Одом, Тристан неколку дена пред раѓањето на заедничко дете ја изневеруваше Клои со неколку различни жени, а сето тоа беше снимено на видео во еден клуб.

Клои го надмина неговиот испад, а потоа направи дури и поголема глупост.

Кога нивната ќерка Тру имаше 10 месеци, Томпсон повторно го изневеруваше Клои со Џордин Вудс, кој беше најдобра пријателка на сестрата на Клои, Кајли Џенер.

Тие се бакнувале на домашна забава, организирана од нејзиното семејство.

По овој настан, Клои и Тристан се разделија, а во јануари оваа година се шпекулира дека се смириле.

Кјара и Футур

Пејачката Кјара и нејзиниот поранешен вереник Футур брзо ја започнаа својата романса, но и исто толку брзо се разделија. Раперот и предложи брак на пејачката на нејзиниот роденден во 2013 година, но тие се разделија 3 месеци подоцна, откако го добија нивниот син Захир.

Се шпекулираше дека тие се разделиле затоа што Футур ја изневерувал Кјара со својата модна консултантка Тирин Ли.

Откако дознала за измама, Кијара била целосно скршена затоа што секогаш велела дека тоа е човекот на нејзиниот живот со кој сакала да се омажи еден ден. Таа дури и се сликаше за списание во бела венчаница откако тој ја запроси, но за жал таа приказна заврши набрзо.

Бритни Спирс и Кевин Федерлин

Поп-принцезата Бритни Спирс се омажи за танчарот Кевин Федерлин, откако раскина со Џастин Тимберлејк. Во октомври 2004 година, таа се омажи со него и тие беа во брак 2 години, за кое време тие имаа две деца.

Нејзиниот помлад син имал помалку од еден месец кога во ноември 2006 година Бритни побарала развод. Тие, наводно, се разделиле затоа што тој постојано барал изговори да оди на забавите во Лас Вегас без неа, каде се однесувал неморално и неодговорно.

50 Цент и Дафне Џој

Раперот од 50 Цент го доби својот син Сир Џексон со манекенката Дафне Џој во септември 2012 година. Тој најпрво криел една година дека имаат дете, дури подоцна полицијата ја објави веста дека станале родители, откако се разделиле поради семејно насилство што таа го пријавила во 2013 година.

Раперот беше обвинет дека ја удрил Џој и го уништил нејзиниот имот во вредност од 7.000 долари, откако дознал дека го изневерила и за тоа добил 3 ​​години условна казна.

Алекс Родригез и Синтија Скуртис

Поранешниот професионален бејзбол играч Алекс Родригез и неговата поранешна сопруга Синтија Скуртис се разведоа по 6 години брак во 2008 година, кога нивната втора ќерка имаше само десет недели.

Озборувањата кружеа дека Алекс е фотографиран со непозната жена, која подоцна била идентификувана како стриптизета во Лас Вегас.

Нивниот брак се распадна откако Алекс се за заљуби во Мадона и откако беше пронајдена неговата порака, која ја испратил на пејачката велејќи дека таа  е „жената на неговиот живот“.

Три месеци подоцна, нивниот брак легално заврши, и тие имаа лош однос, се до минатата година кога Jенифер Лопез, сегашната свршеница на Алекс, објави заедничка фотографија од целото семејство, на која исто така се прикажува Синтија.

Други парови кои исто така раскинале неколку недели или неколку месеци по раѓањето на нивното дете: Роб Кардашијан и Блек Чајна, Џенет Џексон и Висам Ал Мама, Кристина Милан и The-Dream, како и многу други јавни личности.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag