Ако барате панталони со чие носење нема да жртвувате удобност или стил, со задоволство ќе чуете дека тие ќе доминираат на модната сцена ова лето. Оваа сезона, широките пантолони со многу џебови го достигнуваат својот врв и ќе ги видиме многу често на улиците. Моделот ги освои сите жени заради неговата удобност, но и поради фактот дека не постои структура на телото што не одговара совршено.