Овновите се нестрпливи, Близнаците енергични: Како мажите претставници на хороскопските знаци ги покажуваат своите чувства?

popara18 април, 20202min00
mazi horoskop

Кога ќе запознаете нов дечко, секогаш се обидувате да го сфатите односот кон вас: дали е сериозен или само бара кратка авантура? Ѕвездите или поточно неговиот хороскопски знак, ќе ви помогне да откриете многу работи.

Астролозите ги анализираа различните знаци и објаснуваат како се однесуваат кога им се допаѓа некоја девојка.

Овен

Претставниците на овој знак, често знаат да бидат нестрпливи, сакаат да добијат се одеднаш, мразат да чекаат. Но, ќе направат исклучок за девојка од своите соништа – нема да ги брзаат работите, ќе се обидат да направат за вас оаза од комфор и спокојство.

Бик

Доколку дечко Бик сака да биде со вас, тогаш ќе ги вложи сите напори за тоа да го покаже. Веднаш ќе одговори на вашите пораки, нема да прави пауза, а доколку види дека стоите во поголемо друштво, нема да се срами да дојде и цврсто да ве гушне. Полни се со енергија и никогаш не се уморни, туку секогаш се обидуваат да ја изненадат својата сакана.

Близнаци

Мажите Близнаци се многу енергични, инвентивни, а истовремено и лукави. Никогаш не им е досадно, а својата наколонетост ја покажуваат со фактот дека непрестано се обидуваат да ја насмеат саканата.

Рак

Лојален и грижлив знак. Доколку му се допаѓате, ќе ве информира со цел ниту вие ниту некој друг да се сомнева во тоа. Никогаш нема да бидете тажни ниту пак ќе плачете покрај него.

Лав

Тие се самоуверени и амбициозни, па секогаш зборуваат директно без да заобиколуваат. “Ми се допаѓаш“, ќе ви каже и нема да ве лаже.

Девица

Сака да анализира се, излегува во пресрет, можете да се потпрете буквално за се. Не се дирекни како Лавовите, но своите чувства ги искажуваат преку допири и емоционални гестови. Овие мажи се многу интелигентни и можат да ги искажуваат своите чувства пред вас доколку вистински се заљубат.

Вага

Идеалисти кои мразат кавга и судири. Нивниот оптимистички поглед кон животот им помага не само ним – тие прават за нивната девојка да се почувствува сакана.

Шкорпија

Многу старствени партнери. Покрај тоа, они бараат секаков начин за да ја направат својата партнерка среќна, па исто како и Близнаците, секој ден ќе ја забавуваат.

Стрелец

Независни и подготвени за љубовни авантури. Својата наклонетост ќе ја покажат преку материјални работи, било тоа да е купување на огормен букет цвеќе или излегување во најскапиот ресторан. Покрај тоа, доколку се одлучите за врска со Стрелец, вие станувате негов партнер во секакви авантури, така да никогаш нема да ви биде досадно.

Јарец

Преставниците на овој знак се недоверливи, но штом почнат да се советуваат со вас или покажат какви било знаци на верност, знајте дека тоа е љубов. За нив најважно е да знаат дека може да се потпрат на вас – ако е така, земете во предвид дека сте го освоиле.

Водолија

Они се паметни и шармантни по природа. Своите чувства ги покажуваат преку зборови, а не преку постапки. Доколку ви се допадне претставник од овој знак, тогаш бидете спремни да имате долги разговори за се.

Риби

Они се многу осетливи. На сите останати им е многу тешко да ги повредат чувствата на Рибите, но доколку тој се заљуби, тогаш навистина е заљубен. Очекувајте насилни кавги, но страствени помирувања и романтики кои се пандан на Шекспир.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag