Деновиве понекогаш ни е тешко да се воздржиме, па затоа можеби претерано уживаме во храната и не секогаш избираме најздрави намирници. После целиот стрес што го проживеавме и сè уште го доживуваме, за време на социјална дистанца, вежбањето е дефинитивно нешто што ни треба. Веројатно веќе знаете дека вежбањето со умерен интензитет 20 минути го крева расположението на дури 12 часа. Го зголемува производството на протеини кои ја поддржуваат функцијата, растот и опстанокот на нашите мозочни клетки.
Постојат многу различни опции за HIIT тренинг, некои се аеробни, а други се фокусирани на сила. Во видеото подолу, можете да видите еден навидум едноставен, но прилично тежок пример за HIIT тренинг.