Овој дворец крие голема трагична тајна

popara25 мај, 20202min00
766949_1590314536dvoracsolunskogherojafotorina5_ls

Сите знаат од каде потекнува пршутата односно слушнале за златиборското село Мачкат. Но само оние кои го посетиле овој крај, го имаат видено убавиот дворец помеѓу Ужице и Чајетина. Дворецот го изградил Ратко Шопаловиќ, херој од Првата светска војна, кој го изгубил видот на Солунскиот фронт.

„Додека лежел во болница, неа ја посетил кралот Александар, а Ратко му го привлекол вниманието со неговата младост и тешката повреда. Го прашал како се чувствува, а Ратко му рекол дека му е жал што нема да може да ја види ослободена Србија. Кралот тоа го запамтил и при една негова посета на Златибор се распрашал за младиот војник и по закрепнувањето го пратил Ратко на школување во Франција, а пото и му дал на користење две воени земјишта, едното во Сараево другото во Чачак.“ – изјавил Радојица Василевиќ, свештеник од Мачкат.

Високата плата и двете воени земјишта му овозможиле на слепиот јунак убав приход кој му овозможил да го исполни својот сон. Во родниот Мачкат почнал да гради куќа невидена за тоа време во регионот. Градбаата ја започнал во 1927 година, а за завршил десет години подоцна.

„Татко ми ваков дворец видел на Крф, додека бил во војска и сакал и за себе да си изгради слична куќа. Кога финансиите тоа му го овозможиле повикал мајстори од Дубровник, кои вазеле за вешти работници за ваков вид на градба. Каменоломот се наоѓа во близина и татко ми го има фатено секој камен со своите раце за да го провери. Неколку пати градбата била и рушена за да се направи по негова желба бидејќи негова намера била да куќата ја претвори во дом за сираци или за слепи лица“ – рекол Горан Шопаловиќ, синот на Ратко.

Дворецот се простира на 1156 квадрати, 3 спрата и 20 соби. Меѓутоа со години наназад единствен жител на ова здание е токму Гвозден, кој го чува споменот на својот татко и неговите ордени кои се вкупно 15.

„Имал повеќе ордени од генерал Смијаниќ и навистина важел за голем херој иако бил слеп. Според некои познавачи на тој период велат дека дури и Јосип Броз Тито работе за него. Умре на 7 мај 1969 година во Мачкат, и цело време живеел во оваа куќа“.

Во изградбата на куќата освен мајсторите од Дубровник работеле и некои роднин на Ратко кои за тоа добивале плата, но по неговата смрт барале дел од куќата. Судскиот процес според Гвозден траел од 1973 до 2009 година кога синот бил назначен како единствен сопственик на дворецот во Мачкат.

Државата овој објект го прогласил за културно историско добро и сега се чека некаква реакција од надлежните за да овој дворец не биде заборавен и пропадне.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag