Овој минерал е незаменлив за вашата кожа: Кажете им збогум на токсините, нечистотиите и мозолчињата! (РЕЦЕПТ)

popara1 јуни, 20201min00
220023_zeolit-profi_ls

Способноста на зеолитот да собира и неутрализира тешки метали и други токсични материи, го прави исклучително пожелна состојка за нега на вашата кожа.
Зеолитот е минерал кој е многу моќен детоксикатор, затоа што има можност длабински да ги извади токсините, нечистотиите, но и тешки метали од кожата, кои често се акумулираат во порите. Исто така, се покажа дека е многу ефикасен во намалување и отстранување на мозолчиња, акни, иритации на кожата и митесери. Го враќа сјајот на кожата, го регулира тонусот и природна отпорност на штетни агенси.

За жал, огромното загадување во кое живееме не ја заобиколува ниту нашата кожа – на неа се таложат сите штетни надворешни влианија, издувни гасови, смог и прашина, кои се полни со тешки метали.


Поради своите силни детоксицирачки ефекти, овој минерал треба да биде вклучен во секојдневната нега на вашата кожа. Тоа можете да го направите преку пилинг на кожата или маска за лице од зеолит.

Маска за длабоко чистење и хидратација на лицето

За оваа маска, треба да измешате една лажица зеолит, лажица вода и лажица масло од јојоба. Наместо вода, можете да користите и чај направен од невен, коприва или камилица, бидејќи сите три имаат смирувачки својства на кожата. Нанесете ја маската на малку влажна кожа и почекајте да се исуши, а потоа исплакнете го лицето со млака вода.

Зеолит пилинг за чистење и детоксикација на чувствителна кожа

За овој пилинг, потребна ви е лажичка хидратантна крема, лажичка вода или билен чај, лажичка зеолит и лажичка мелен јачмен. Добро соединетата смеса нанесете ја на лицето и правете нежни кружни движења, неколку минути. Потоа исплакнете ја кожата со млака вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma