Круните и накитот во сопственост на британското кралско семејство со децении ги красат главите на нејзините припадници. Кралицата Елизабета, Кејт Мидлтон и принцезата Дајана носеа скапи додатоци, а приказната која се крие зад овие предмети ќе ве изненади, како и нивната цена.
Кралицата мајка, кралицата Мери добила како свадбен подарок круна од одборот на девојки “Girls of Great Britain and Ireland”. Круната е крстена по одборот, а кралицата Мери ја подарила на својата ќерка, денешната британска кралица, исто како свадбен подарок. Круната со години е заштитен знак на кралицата Елизабета.
Круната која е направена за крунисување на кралот Џорџ во 1821 година е во семејството Виндзор со децении. Ја носеле кралиците Викторија и Мери, а кралицата Елизабета исто така ја носела на своето крунисување. Круната има 1333 дијаманти, а во времето кога е изработена чинела околу 10 илјади долари. Денешната нејзина вредност се проценува во милиони.
Кралицата на денот на своето венчање добила околу 100 бурмански рубљи, а ги дала за изработка на круна во 1973 година. Комбинирана е со дијаманти од друга круна која во еден момент се распаднала.
Круната која е оригинално изработена за кралицата Мери во 1900 година стигнала до рацете на кралицата, која и ја подарила на принцезата Дајана како свадбен подарок. Сопругата на незјиниот син Кејт Мидлтон е неколку пати видена со таа круна на глава. Принцезата Дајана пак најчесто носела круна која потекнува од нејзиното семејство. Ја носела на денот на венчавката со принцот Чарлс, но на главата ја имале и нејзините сестри на денот на нивните венчавки.
Вредноста на сите круни кои ги поседува британското кралско семејство денес се проценува на десетина милиони долари.