Американската актерка, Плејбој зајаче и секс симбол на деведесеттите години, Памела Андерсон (53), позираше со визир на главата и заштитна маска на лицето пред да замине со авион.
Имено, актерката позираше во маслинесто зелен џемпер и црни потпетици со црвени врвки, додека на главата носеше заштитно стакло и црна торба на рамото.
Памела изгледаше многу секси во високи потпетици, додека на втората фотографија под визирот дури носеше и заштитна маска за лице, за понатамошно да се заштити од вирусот „Ковид-19“.
Нејзината долга, руса, препознатлива коса, полна со волумен, беше завиткана во кадрици пуштена по грбот.- Модна комбинација за авион. Бидете безбедни. – напиша Памела во описот на фотографиите на Твитер и испрати силна порака до нејзините следбеници да внимаваат на вирусот.
„Навистина ми се допаѓа начинот на кој изгледаш, но тие потпетици изгледаат непријатно“, „Сè уште си многу секси“, „Како и секогаш, изгледаш фантастично“, „Каде патуваш?“, Беа само неколку коментари од нејзините обожаватели.
Овој твит имаше 1.300 лајкови и 146 коментари, додека Памела има милион следбеници на оваа социјална мрежа.