Папараци скандал на првата дама: Фотографија од голата Џеки Кенеди крие тајна за суровоста на нејзиниот сопруг!

popara20 мај, 20201min00
dzeki

Голата Џеки Кенеди е фотографирана на грчка плажа во 1972 година, а фотографиите на папараците им ги предал Аристотел Оназис, нејзиниот тогашен сопруг.

Фотографиите наводно биле дел од една нечиста кампања која Оназис ја водел против поранешната прва дама на Америка во период кога нивниот брак веќе бил влезен во криза и кога разводот бил извесен.

Фотографиите ги преплавиле светските списанија предизвикувајќи еден од првите папараци скандали.

Освен тоа, Оназис ја малтретирал Џеки која во интервјуа често ја нарекувал “Вдовица”, алудирајќи на нејзиниот прв брак.

Џеки се омажила за Аристотел во 1958 година на општо изненадување и незадоволство на семејството и пријателите, а проблемите почнале веднаш.

Оназис за време на целиот брак бил во јавно-тајна афера со оперската пејачка Марија Калас, а ги користел сите свои медиумски врски за да ја понижи Џеки.

Бидејќи Џеки постојано се жалела заради повреда на приватноста, Аристотел на папараците лично им предал десет фотографии, како и детална мапа и време кога “вдовицата” ќе биде на плажа.

Заради фотографиите Џеки го добила прекарот “Грмушка од билион долари”, а нејзините деца со години биле исмејувани.

Несвесна дека зад овој инцидент стои токму нејзиниот сопруг, Џеки планирала да ги тужи медиумите. Наместо тоа, таа добила барање за развод.

Оназис бил познат по тоа што уживал во вниманието од медиумите, дури и сам ги викал папараците да доаѓаат и да го фотографираат како вечера со љубовницата.

Иронично, Аристотел не го дочекал разводот. Умрел во март 1975 година, а Џеки починала цели 19 години подоцна, во 1994 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag