Кање Вест пред неколку дена објави дека планира да се кандидира за претседaтел на Соединетите Американски Држави, на изборите кои ќе се одржат во ноември оваа година, иако не поднел ниеден докуент ниту пак барање за кандидатура.
На интернет, исто така и Парис Хилтон објави фотографии кои судејќи по нив, веќе е во сериозни кампањи.
Paris for President, е главното мото на поп старлетата која низ насмевка зборува како би требало повторно да дизајнира овална соба, канцеларија во кој одмара претседателот на Америка.
Еден од мотивите е и “Make America hot again” по мотото на актуелниот претседател Доналд Трамп, но и нејзината позната изјава “That’s hot.”
Не е познато дали Парис Хилтон навистина ќе влезе во трката за претседател или со овој чин ги потсмева идеите на Вест.
За оние кои не знаат, Парис уште во 2008 година сними песна Paris for president, но никогаш не се кандидирала.