Парис Хилтон подготвена за нова животна улога: „Би сакала да имам близнаци“

26 август, 2020
1298236

Со години ја гледавме како најпознатата забавувачка во светот на славните, а денес Парис Хилтон живее потполно мирен живот. Таа неодамна се смири со бизнисменот Картер Реум, и се чини дека е подготвена и за мајчинска улога

Ги остави лудите и диви денови од младоста зад себе. Уморна е од забави низ целиот свет, а во последниве години ја гледавме посериозна од кога било. Богатиата наследничка Парис Хилтон зборуваше во ново интервју за нејзините планови за иднината на приватно поле.

Таа изјави за Sunday Times како наскоро ќе се види себеси како мајка и ги охрабри сите жени кои размислуваат за замрзнување на јајните клетки. Таа откри дека на тоа ја поттикнала нејзината  долгогодишна пријателка Ким Кардашијан и дека би сакала да има близнаци.

Се подготвив на време. Мојата пријателка Ким ме запозна со врвен лекар и јас всушност бев водена од нејзиниот пример зошто да го сторам тоа. Би сакала да имам две деца, близнаци што не можам да дочекам да ги облечам. Најдоброто нешто во врска со близнаците е што можете да имате ќерка и син истовремено “, рече 39-годишничката.

Paris Hilton sa sestrom Nicky i nećekinjama

Таа додаде дека нештата како што се мажењето и пронаоѓањето на идеален партнер не можат да бидат планирани и пресметани во кое време ќе се случат, па за неа опцијата за замрзнување била нешто што ја воодушевило.

Потсетуваме, Хилтон до неодамна беше верена со актерот Крис Зилка, но само неколку месеци по романтичното свршување што се случи во Аспен, парот се распадна. Набргу потоа, Парис се заљуби во бизнисменот Картер Реум, со кого е во среќна врска денес.

View this post on Instagram

#LakeLiving with my love. ✨💙😍😍💙

A post shared by Paris Hilton (@parishilton) on

Многу совети за мајчинството, Парис добила од нејзината сестра Ники Хилтон која има две ќерки. Честопати тетка Парис може да се види во слатко друштво со внуките.

escort - Korsan taksi