Парови кои имаа лоша година: Од сега „солирам“

popara1 ноември, 20202min0
pjimage-2_czw5ED1


Оваа година беше предизвик за многумина, и клучна за некои парови да разберат дека сепак е подобро да раскинат. Погледнете кои славни парови раскинаа оваа година.


Актерката Тараџи П. Хенсон неодамна потврди дека таа и свршеникот Келвин Хајден раскинале на почетокот на оваа година. „Не успеа“, рече таа, додавајќи дека се мислат да одат на терапија за парови, но тие дошле до заклучок дека на крајот не се согласуваат. Поради короната, тие ја одложуваа венчавката неколку пати оваа година, и се чини дека на крајот нема да биде.

Taraji P. Henson Hollywood Walk of Fame Ceremony


Контроверзната уредничка на Вог, Ана Винтур (70) и сопругот милионер Шелби Брајан (74), одлучија да се разведат по 16 години брак и повеќе од 20 години врска. Иако причината за раскинувањето на бракот сè уште не е позната, кризата во нивната врска, наводно, започнала уште во 2013 година, кога било откриено дека Брајан и должел на даночната служба 1,2 милиони долари. Покрај тоа, се шпекулира дека богатиот човек и се вратил на неговата поранешна сопруга Кетрин Брајан, чиј сопруг, банкар за инвестиции Дејмон Мезакапа, починал во 2015 година. Интересно е што Брајан ја напушти Кетрин во 1999 година кога ‘започна’ со Винтур.

Celebrities US Open 2011 - Day 13 - Flushing Meadows

Љубовта згасна и меѓу пејачката Деми Ловато и Макс Ерих, кои се верија во јули. Тој тврди дека дознал за нивниот распад преку таблоидите, кои извор близок до пејачката веднаш ги демантирал, а потоа започнал „кампања“ за да ја добие назад, но без резултат.

Актерот Џона Хил (36) и Џана Сантос се свршија кон крајот на 2019 година, но истакнаа дека на нивната врска завршила.

23rd Annual Screen Actors Guild Awards - Arrivals

Актерката Џенифер Гарнер и нејзиното момче Џон Милер раскинаа на почетокот на оваа година, откако беа заедно две години. Парот рече дека короната е виновна за раскинувањето.

Baby2Baby Gala Presented by Paul Mitchell - USA
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma