Паровите кои не се караат траат подолго

popara2 јуни, 20201min00
8a822254695eb37ed62016f552b991f26ad29df8_articlemain

Знаеме дека караниците не се добри, иако се целосно нормални, а понекогаш е добро да си кажете што ви лежи да душа бидејќи така поубаво ќе се чувствувате. И службено е потврдено дека караниците и нервозата не предизвикуваат само брчки на лицето туку се лоши и по вашето здравје. Според неодамнешното медицинско истражување направено во врска со поврзаноста на брачните караници и медицинските проблеми покажало дека здравјето на оние парови кои често се караат е значително полошо.

На Унверзитетот Бирмигем во Јута направено е истражување во текот на 20 години, следејќи приближно 1700 брачни парови. Испитаниците требало да го оценат своето здравје на скалило од лошо до одлично и да пополнат анкета за квалитетот на живот и брачната среќа. Се утврдило дека најчестите причини за караница биле поврзани со децата или финансиите.

Научниците тврдат дека причините кои доведуваат до караница исто така предизвикуваат и здраствени проблеми. На пример среќните парови имаат тенденција често да готват и јадам заедно здрави оброци, почесто да вежбаат, се занимаваат со некој спорт или заедно се рекреираат. Со тоа што помалку се караат имаат и пониско ниво на стрес, што значи дека подобро спијат и имаат помали шанси да пропушат или конзумираат алкохол, а сето тоа допринесува за подобро здравје.

Друга студија во врска со несреќните бракови покажало дека тие се поврзуваат со депресијата и тешкотиите. Стресот кој доаѓа од лошиот брачен однос може да го покачи крвниот притисок и да го ослаби имунолошкиот систем. Исто така се докажало дека среќните бракови делуваат превентивно на развојот на болести во текот на годините, додека на паровите кои се караат почесто им е потребна стручна помош со цел да се намалат нивните караници бидејќи тоа влијае на нивното здравје.

Освен тоа сопружниците во среќните бракови доколку имаат лош ден, поверојатно е дека меѓусебно ќе се подржат и соочат еден со друг, а токму подршката го намалува стресот и помага при одржувањето на доброто здравје.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag