Кој вели дека мора да носите патики само со спортски комбинации и во неформални пригоди?
Долго време не постојат правила во модата и сè е дозволено. Комбинирањето на навидум некомпатибилни работи може да даде одлична модна приказна. Таков е и случајот со патиките и формалните фустани.
Овој модел на обувки веќе не е резервиран исклучиво за спортски комбинации и одење во теретана. Иако звучи невообичаено, совршено се вклопува во елегантни стајлинзи.
Одважен и смел, тоа е како ние би го опишале овој тренд. Ако сакате да бидете различни и да бидете во чекор со модата, оваа комбинација е токму за вас.
Оваа сезона, удобноста доаѓа на прво место. Фустаните се, како што знаете, најдобро парче облека за брзо постигнување на елегантен и женствен стил. Најдобар начин за балансирање и постигнување „уличен стил“ што е достоен за социјалните мрежи е комбинирање фустани со патики.
Трендсетерките веќе полудеа за ваквите комбинации и ни дадоа неколку одлични предлози за тоа како може да се носи овој стил.
Оваа комбинација е апсолутен хит, бидејќи покрај тоа што изгледате модерно, ќе се чувствувате и удобнио, така што ќе можете да ја поминете целата ноќ на нозе, играјќи во ритамот на вашата омилена музика.
Дали сте љубител на овие необични и различни комбинации или сè уште играте на сигурна карта?
Пишете ни во коментарите што мислите за овој тренд …