
Патиките што Меган Маркл ги носи со години не се премногу скапи, не се невообичаени, не се ни ретки. Сепак, тие во моментов се главниот адут на трендсетерките.
Станува збор за бели патики од францускиот бренд Веја со карактеристичен знак „В“, за кои се смета дека се со многу висок квалитет, а во исто време се и „еколошки“, изработени од природни материјали (органски памук).
Меган Маркл ги прошета за прв пат пред две години, на австралиска турнеја, а од тогаш трендсетерките ги усвоија како одлична алтернатива на Старките и „Golden Goose“ патиките.