Пејачката ја објави првата песна откако откри дека била киднапирана и силувана со денови

popara20 јуни, 20201min00
Annotation 2020-06-19 200205

Дафи го објави својот прв сингл после пет години откако откри дека била жртва на киднапирање и силување, што со години го чувала во тајност.

Песната ја објави на својот инстаграм профил.

“За подобрите денови кои доаѓаат”, напиша пејачката со видеото.  

Песната која е достапна само на нејзините канали на социјалните мрежи содржи емотивен текст во кој копнее по времето во кое нема да ја оптеретува минатото.

Во само неколку часа видеото има 46.000 прегледи, а следбениците имаа само пофални зборови и охрабрување за пејачката.

“Прекрасно, ти благодарам”, “Прекрасна Дафи ти благодарам што го сподели ова”, “Твојот глас е волшебен”, “Нека се слушне твојата приказна и на овој начин”, коментираа следбениците.

Потсетуваме, Дафи после десет години откри дека била киднапирана, силувана и затворена четири недели. Објави и подолг есеј на својата страна, во кој детално ја опиша случката, а вели дека признанието ја ослободило.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag