Пејачката која е напозната по врската со Мик Џегер заврши во болница поради Корона Вирусот

popara6 април, 20201min00
Naslovna

Маријана Фајтфул беше муза на „Ролинг Стоунс“, а нејзиниот поранешен сопруг изјави дека е хоспитализирана поради коронавирусот и се опоравува.

Пејачката Маријана Фајтфул моментно е во болница во Лондон пoради коронавирус, потврди нејзиниот поранешен сопруг Џон Данбар. Маријана (74) во моментов е стабилна и добро реагира на третманот, откако сознанијата покажуваат дека е позитивна за вирусот што го тресе светот, пренесува „Дејли меил“.

Фајтфул беше хоспитализирана пред неколку дена затоа што почна да покажува симптоми на коронавирус, а таа одговори навреме. „Таа едвај може да зборува и во моментов не прима посети, но таа добро се одржува засега“, рече Данбар.
Маријана Фајтфул ја започна својата кариера во 60-тите години и стана најпопуларна поради нејзината врска со пејачот на „Ролинг Стоунс“, Мик Џегер. Првиот сингл го напишаа Џегер и неговиот колега од бендот Кит Ричардс, а таа има издадено неколку успешни песни.

Таа беше во брак со Џон Данбар до 1966 година, по што го напушти поради Џегер. Таа се дружеше со популарниота рокер до средината на 70-тите години, но почна да се дрогира и на крајот завршила без кров над глава и лутала по улиците.

Продуцентот Мајк Леандер ја нашол на улица и се обидел да ја врати на музичката сцена. Дури во 1979 година, таа успеа да се врати во музиката. Неодамна беше откриено дека за неа се снима филм за нејзиниот живот, а Маријана ќе ја глуми Луси Бојтон (26).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag