Кристина Агилера објави серија фотографии на Инстаграм по ноќното пливање во нејзиниот базен, а познатата пејачка им покажа на фановите колку ужива во тоа.
Пејачката Кристина Агилера го зачини викендот со ноќното пливање во нејзиниот базен во Беверли Хилс во саботата навечер, а сето тоа го овековечи со фотографии што ги сподели со фановите.
39-годишната пејачка објави серија фотографии на Инстаграм и ги покажа сите нејзини облини во едноделен костим за капење.
“Очите ширум отворени, повторно сум жива. Сетилата ми се заострени. Ги мијам гревовите”, напиша Агилера во описот на фотографиите, осврнувајќи се на стиховите на нејзината песна “Liberation”, која ја издаде пред две години.
За време на самоизолацијата, популарната пејачка ги забавува обожавателите со домашни видеа кои ги објавува на социјалните медиуми.