И покрај бројните часови поминати во уредување на подвижни слики, режисерите сепак пропуштија неколку „мали работи“ …
Сите имаме филмови кои сме ги гледале „сто пати“, но дали успеавме да ги забележиме грешките што дури и познати режисери успеаја да ги пропуштат во постпродукцијата.
Издвоивме пет грешки од незаборавни филмови, што веројатно сте ги промашиле додека гсте ги гледале вашите омилени слики во движење.
1. Back to the future(1985)
Класиката од осумдесеттите е секако еден од филмовите со кои често се среќаваме на ТВ и среќно го спуштаме далечинскиот управувач за да го гледаме уште еднаш. Во познатата сцена близу крајот на филмот, главниот лик Марти Мекфли ја зема гитарата во рацете и започнува да го свири хитот на Чак Бериа „Johnny Be Good“ на матурската прослава на неговите родители во 1955 година. Сепак, црвениот инструмент на кој Марти свири сеуште не е направен во1 995. Тоа е модел на електрична гитара Гибсон ЕС-345, направена за прв пат во 1958 година.
2. Pretty woman (1990)
Во една од омилените романтични комедии со парот Ричард Гир и Џулија Робертс, славниот режисер Гери Маршал направи грешка на сцената кога Вивиен(Џулија) и Еввард(Ричард) заедно појадуваат. На самиот почеток на оваа сцена, Вивиен јаде кроасан, додека пак на крајот на сцената тестото се претвора во вкусна американска палачинка.
3. Gladiator (2000)
Епскиот филм од почетокот на новиот милениум и добитник на дури пет награди на Американската филмска академија, направи неколку грешки. Меѓу нив, се издвојува сцената кога Расел Кроу во улога на Максимус паѓа на земја и умира. Прво, главата лежи на земја, само за наскоро да се види дека е поставена на „испакнатост“.
4. Mr & Mrs. Smith (2005)
Филмот, во кој глумеа Бред Пит и Анџелина Џоли, и го разделија Бред од Џенифер Анистон, покажува дека менувањето на автомобилите за време на снимањето на истата сцена не е редок случај. Кога г-дин и г-ѓа Смит им бегаат на ловците, внимателните гледачи може да забележат дека предните седишта во автомобилот не се исти цело време.
5.Legally blonde (2001)
Омилената и смотана Ел Вудс од филмот „Legally blonde“ се бори да ги надмине стереотипите и да покаже дека русокосите можат да бидат паметни и да станат професионалци. Среде филмот, додека Рис Витерспун се обидува да го реши својот прв случај како студентка по правник и чека во ред во судницата пред фонтаната да пие вода, може да се види дека девојчето пред неа не пие скапоцена течност, туку само се наведнува и „пие воздух“.