Без разлика на љубовта која постои меѓу вас и партнерот, вашата врска не може да опстане само поради моменталните пеперутки и периодот поминат заедно. Нема постојано да живеете како во бајка, понекогаш ќе наидете и на проблеми. Тоа е факт!
„Долгорочните односи ќе ве променат – на подобро или на полошо“, вели Џани Адамо, советник за љубов.
Неизбежно, секој долгорочен пар ќе помине низ тешки фази во својот однос. Клуч за нивната љубов да преживее и да трае? Од време на време, потсетете се дека вие и вашиот партнер сте во ист тим и дека можете да решите нешто заедно. Колку и да сте оптимист за вашата врска, овие работи за кои никој не зборува, кои се вообичаени за долгите врски, би можеле да ве изненадат:
Нормално е да се сомневате во вашата врска
И, не треба да се чувствувате виновни кога ќе се фатите себеси како се прашувате дали сте го одбрале вистинскиот партнер.
“Дури и ако сте за заљубени до уши во партнерот, сосема е нормално да ја ставате во прашање вашата врска од време на време. Секој се сомнева и сè додека сомнежите не се долготрајни и постојани, тие се нормални, па дури и здрави”, вели Џонатан Бенет, експерт за запознавање.
Ќе се соочите со искушение
Тоа што сте во врска не значи дека луѓето одеднаш ќе почнат да ве забележуваат или дека другите привлечни луѓе ќе престанат да постојат.
„И понатаму други луѓе ќе ве привлекуваат, па дури и ако останете подалеку од искушението, тоа повремено ќе ве најде“, вели Бенет, која смета дека социјалните мрежи се најчестиот виновник што се среќаваме со искушение.
Можеби ќе ви биде здодевно
Возбудата и страста се присутни на почетокот на повеќето љубовни врски, но во долгите врски, кога поминувате многу време со партнерот, честопати се случува тие да исчезнат. Сепак, тоа не е лош знак.
Комуникацијата е клучна
Се разбира дека понекогаш ќе се најдете во ситуации кои бараат дискусија, но дури и кога ви се разликуваат ставовите, треба да продолжите да комуницирате нормално и да не градите ѕид на тишина меѓу вас.
Желбата за интимност се менува со текот на времето
Во некои врски ќе стане уште посилна, додека во други речиси целосно ќе исчезне. Се разбира, има парови кои припаѓаат на „златна средина“. Но, не постои точен образец на однесување и единствено суштинско за двете страни е да работат за да ја задржат страста сè уште присутна до одреден степен во нивната врска.