- Подигнување на прсти – Оваа вежба делува на листовите и на мускулите во потколеницата. Поточно, делува баш на оние мускули, коишто најмногу страдаат при носењето високи потпетици.
- Подигнување, но со тежина – Оваа вежба можете да ја правите во теретана, со онаа справа којашто ѝ одговара. Исто така, можете да ја практикувате и додека сте дома. Седнете исправено и на колената ставете некој предмет, којшто ќе направи тежина.
- Ножна азбука – Седнете на подот и со едната нога крената во воздух, обидете се да ја напишете целата азбука. Оваа вежба ја стимулира циркулацијата во нозете и ги опушта лигаментите.
- Истегнување на нозете – На оваа справа најчесто се вежбаат квадрицепсите, но доколку малку се одалечите од наслонот на седиштето, повеќе ќе работите на затегнување на задникот.
- Тркалање – Земете мало топче и масирајте го стапалото, така што ќе го газите топчето. Оваа вежба, повеќе се препорачува за по носењето на високите потпетици, затоа што со нејзина помош ги опуштате стапалата.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma