не е лесно да се одбере совршениот градник, особено ако имате големи гради. Еве пет модели кои се удобни, ги држат градите цврсти и изгледаат одлично под облека.
Овој градник е прогласен за најудобен од страна на тестерите. Тие изјавиле дека убаво лежи и лесен е за облекување и соблекување. Плус, се пере добро и комплетно ја враќа формата по носење.
Иако оди до корпа D, Овој градник супер лежи и изгледа добро под облека, според тестерите. Една од жените дури изјавила дека заборавила дека воопшто носи градник.
Дизајниран за жени со облини, овој градник нуди мазен ефект за кој тестерите изјавиле дека изгледа одлично под облека. Благодарение на цврстите прерамки, овој градник стои на место подобро отколку било кој друг тестиран и бил удобен за носење.
Ако мразите градници, а сепак ви е потребна поддрша за градите, овој градник е совршен избор за вас. Ако сакате поддршка со жици, овој модел има и таква опција којашто се покажала супер на тестирањата.
Одлични вести! Не мора да си ја жртвувате удобноста за градник без прерамки. Овој е удобен и изгледа одлично под облека. Тестерите кажале дека мачеле мака со градници без прерамки, но овој бил прилично безбеден.