Пијалокот кој Рис Витерспун го пие секое утро веќе 8 години

popara30 мај, 20201min00
riz-viterspun-getty

Американската актерка Рис Витерспун (44) на Instragram се пофали со рецепт на смути, без кој не го започнува денот веќе 8 години, и според неа и дава енергија, се чуствува витално и прави чуда за нејзиното здравје. Овој пијалок е богат со влакна, а го има составено една од најпознатите нутриционистки од Лос Анџелес – Кимберли Шнајдер.

Рецептот за две лица содржи зелена ссалата, пола шоља спанаќ, пола шоља кокосова вода, една банана, една крушка, едно јаболко и еден лупен лимон заедно со семките.

– Јас често додавам и целер, бадеми, овесни житарици или лажица протеински прав во зависност од колку долго сакам да ме држи сита. Знам дека изгледа грдо но верувајте ми превкусно е – изјави Рис.

Многу луѓе се обидуваат да ја најдат идеалната комбинација за појадок, да е здрава а во исто време да го замени конвенционалниот појадок, во смисла да ги има истите хранливи вредности, а да не е тежок и обилен.

Погледнето го видео рецептот и пробајте го смутито на Рис за кој тврди дека е нејзин еликсир на здравјето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag