Веста за венчавката на холивудската sвезда и коавтор на американското шоу „Saturday Night Live“ ја сподели на социјалните мрежи непрофитната организација „Оброци на тркала Америка“. ‘Воодушевени сме што можеме да и соопштиме на јавноста дека Скарлет Јохансон и Колин Јост се венчале за време на викендот на интимна церемонија опкружена со нивните најблиски и следејќи ги безбедносните мерки на претпазливост за да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19. Нивната желба за венчавка е да помогнат во грижата за старите лица во овие тешки моменти преку поддршка на работата на нашата организација “, се вели во соопштението.
Скарлет Јохансон и Колин Јост се запознаа во текот на неговата прва година во шоуто ‘Saturday Night Live’, кога тој доби задача да напише скеч за познатата актерка, која го водеше шоуто за прв пат. Филмската sвезда од Марвел беше во брак со колегата актер Рајан Рејнолдс и францускиот новинар Ромен Дауриак, со кого ја има петгодишната ќерка Роуз.