Иако се преселија во нов луксузен дом во Санта Барбара, Калифорнија, принцот Хари и Меган немаат мир бидејќи целата своја волја и енергија ги насочија на наоѓање на своето место во холивудската шоубиз индустрија
Токму бројните финансиски проекти на кои започнаа неодамна, предизвикаа критики кај британската јавност и од самото кралско семејство, но тие станаа и причина за голема расправија што наводно се случила меѓу војводата од Сасекс, по што Меган истрча надвор од куќата ноќта.
Извор близок до војводата открил дека тие се скарале затоа што немале исти желби и визии кога станува збор за парите. Тој тврди дека 39-годишната Меган сака сè да биде на нејзиниот пат кога станува збор за деловни проекти и очекува нејзиниот сопруг, кој е три години помлад, да се согласи на тоа. „Тој, од друга страна, смета дека Меган не требаше да договори некои зделки и смета дека не требаше да се согласи на сето тоа“, рече изворот, додавајќи дека нивното несогласување една вечер избило до тој степен што Меган бегала од дома во средината на ноќта.