По пандемијата, задолжително е внимателно однесување!

popara6 мај, 20201min00
вирус

Бројот на новозаразени од вирусот Ковид-19 се намалува, и за некое време повеќето држави ќе излезат од фазата на вонредна состојба, но сепак, експертите советуваат и понатаму да се однесуваме внимателно- вирусот е и понатаму присутен и од нас зависи каков ќе биде вториот бран кој се очекува на есен.

Наскоро слободата на движење нема да биде повеќе ограничена, повеќето ќе се вратат на своите работни места, ќе се отворат градинките и угостителските објекти и постепено ќе се вратиме на нормалниот живот. За почеток, добро е да се избегнуваат ризици.

Прошетката на отворено ни е повеќе од потребна, како за физичкото, така и за менталното здравје. Сепак внимавајте на следново:

1. Бидете подготвени

Кога го напуштате домот бидете подготвени- носете средство за дезинфекција на раце, обични и влажни марамчиња и обидете се да не го допирате лицето. Избегнувајте големи собири и гужви, колку што е можно повеќе.

2. Длабоко земете воздух

Доколку чувствувате анксиозност од излегувањето од дома и контактите со други луѓе, тоа е сосема нормално. Повеќето луѓе се чувствуваат така.

Прифатете го ова чувство како нормално и дозирајте го.

3. Водете грижа за вашите миленичиња

Има случаи во кои луѓето го пренеле вирусот на домашните миленици, така што треба да ги третирате како и останатите членови на вашето семејство.

Не дозволувајте милениците да контактираат со други луѓе и животни надвор од домот.

Држете ги мачките затворени за да спречите интеракција со други животни или луѓе.

Шетајте ги милениците на поводник и држете растојание од 6 метри со другите луѓе и животни.

Избегнувајте ги парковите за кучиња.

4. По враќањето дома, измијте ги рацете и дезинфицирајте се што е потребно

Штом влезете дома, веднаш измијте ги рацете. Потоа дезинфицирајте се што сте допреле пред да ги измиете рацете- брава, квака, врата, светло…Потоа пребришете ги сите работи кои сте ги донеле од надвор, вклучувајќи го и вашиот паричник, телефон…

5. Редовно следете ги препорачаните мерки на претпазливост

Како што се менува ситуацијата со пандемијата, така се менуваат и правилата и препораките за однесување. Бидете постојано во тек.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag