По разводот откри пикантерии од креветот со бившата сопруга

popara23 јуни, 20201min00
Annotation 2020-06-23 174716

Таа го смета ‘за монструм’

Минатото лето, глумицата Памела Андерсон ја прекина врската со 34-годишниот француски фудбалер Адил Рами. Иако тој не правеше никаква драма околу крајот на нивната врска, Памела на социјалните мрежи ја отвори душата и откри многу детали за нивниот однос. Меѓу останатото, го нарече лажливо чудовиште, нарцис и социопат кој ја изневерувал и ја лажел две години. Иако од тоа помина една година и таа заврши уште еден брак после тоа. Адил одлучи да изнесе неколку пикантерии од нивната спална соба, пишуваат странските медиуми.

За се проговорија рускиот фудбалер Александар Кокорин и украинскиот фудбалер Олександр Алијев по пат на YouTube видео. Наиме, русинот рекол дека Рами на него и на другите членови на клубот ‘PFC Sochi’ им открил бројни интересни работи за Памела Андерсон. ‘Секако сите беа заинтересирани за тоа како било во нивниот кревет. Рами рече дека таа била најдобрата жена во неговиот живот и тоа дека тие двајца некогаш имале секс и 12 пати во една вечер’, раскажа Александар во споменатото видео.  

Потсетуваме, додека таа не штедеше зборови кога станува збор за нивниот однос, Адил остана смирен. ‘Паузата никогаш не е едноставна. Често во такви ситуации чувствата можат да го обземат човекот и да дозволат преувеличување на работите. Памела е потполна личност, која длабоко ја почитувам, со сопсвтено уверување, искрена во своите борби и кон нејзе мојата љубов секогаш беше искрена. Тоа е тоа што сакам да го памтам. Мислам дека не би требале да ја откриваме нашата интима и историја која не засега само нас’, напиша тогаш фудбалерот.  

Инаку, 52-годишничката после Адил беше во 12-дневен брак со 22 години постариот продуцент Џон Петерс, што таа неодамна го негираше. Неодамна призна дека во брак била три, а не пет пати како што пренесуваат медиумите. Сепак, со оглед на несреќата во љубовниот живот, откри дека е спрема само за уште еден брак.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma