Пред неколку дена, Никол Потуралски беше повторно видена во друштво на нејзиниот 41 година постар сопруг со кого има син. Сето ова фрли сомнеж за љубовната врска помеѓу неа и Бред Пит, со кого таа наводно била во врска последната година, а еве што има да каже 27-годишната девојка за сè.
Беше напишано дека таа е лудо заљубена во Бред Пит, а и тој беше заљубен во неа. Поради актерот, таа наводно му го свртела грбот на својот сопруг, 68-годишен угостител од Берлин, со кого има седумгодишен син.
Таа помина незаборавни моменти со холивудски шармер низ цела Европа, а последен пат се забавуваа во Прованса, каде Пит има луксузен имот и лозја.
Меѓутоа, пред неколку дена започнаа шпекулациите дека на романсата помеѓу 56-годишниот актер и 27-годишната манекенка и дошол крајот. Едно време, инаку многу активната Никол Потуралски беше тивка на Инстаграм, а сега испрати значајна порака.
„Флертувам со животот секој ден“, напиша таа под најновата фотографија на која испраќа бакнеж со полни усни. И на оваа фотографија, згоднната Германка со полски корени неодоливо потсетува на руската манекенка Ирина Шајк. Пораката на атрактивната Никол го привлече вниманието на многумина, па се обидуваат да го прочитаат скриеното значење од неа.
Дали нејзиниот цитат значи дека не е подготвена за сериозна врска откако го остави многу постариот сопруг? Дали мисли дека штотуку дошло нејзиното време за забава?
Покрај тоа, таа објави значаен цитат на Инстаграм Стори во кој навести дека е повредена во однос на љубовта и дека едвај заборава кога некој ќе ѝ нанесе неправда и болка.
Во исто време, Бред Пит минува низ тешките денови пред последното судење со неговата поранешна сопруга, во која се одлучува кој и во колкав процент ќе има старателство над нивните заеднички деца. Можеби поради сето ова тој едноставно реши да ја стави во мирување својата романса со Никол.