Victory lap кој е краток филм за преданоста, упорноста и храброста која е потребна за да се стигне до целта на најпредизвикувачката брдска велосипедска трка во Америка, Leadville 100 MTB, ќе ве натера да седнете на велосипед, а може и да почнете да тренирате.
Трката во Колорадо која започнува и завршува на вртоглави 3000 метри собира околу 1600 натпреварувачи кои сакаат да се соочат со лудата промена на надморската височина и да стигнат што е можно побрзо до целта оддалечена 160 километри.
Еден од најголемите предизвици е да не избрзате и да ја задржите психолошката игра со останатите натпреварувачи, но и со самите себе. Пред трката натпреварувачите тренираат со месеци за да дојдат до најдобрата можна форма, како физичка, така и ментална. А какво е чувството на крајот? Погледнете го видеото и уверете се сами!