Светски познатата пејачка Дуа Липа замина на заслужен одмор и на островот Св. Лусија и ужива во Карибите со своето момче Анвар Хадид.
24-годишната „новата поп кралица“, како што ја нарекуваат медиумите, сите ги воодушеви во црвеното бикини и се покажа каде се биле со Анвар. Судејќи според фотографиите, славната двојка многу добро поминува, а популарната пејачка добила бројни комплименти од фановите на сметка на нејзината линија.
Двојката за времето на карантин беше во Лондон, и едвај чекаа да патуваат на плажа каде конечно ќе можат да се релаксираат. Пејачката веќе некое време е во врска со братот на популарните сестри на Хадид, а неодамна истакна дека е пресреќна што ќе стане тетка, откако Џиџи Хадид објави дека очекува бебе.
Дуа Липа зема здив од напорната работа во студиото. Секоја нејзина нова песна е моментален хит, а пејачката неодамна објави нов студиски албум.