Ширли Најт која публиката ја знае по улогата во серијата “Очајни домаќинки”, почина на 22 април во Тексас, на 83 годишна возраст.
Ширли имала долга филмска, телевизиска и театарска кариера. Освоила две номинации за Оскар уште во своите дваесетти години, потоа ја добила наградата Тони во 1975 година, а добитничка е и на три Еми награди.
Не е наведена причината за смртта. Познато е само дека била во домот на нејзината ќерка кога починала.
Има играно во сериите “The Outer Limits,”, “The Fugitive” и “The Virginian”, “Murder, She Wrote”, “Matlock”, “Ally McBeal” и “Desperate housewives”.