Актерката Мери Пат Гилсан која имавме можност да ја гледаме во бројните хумористични серии ја изгуби битката со ракот на 71 годишна возраст.
- Таа е една од најмилите личности кои некогаш сум ги запознал и чест ми е што ја познавав. Беше грижлива и забавна…Неможам да го замислам светот без нејзината насмевка – напишал на една социјална мрежа Рон Фаслер (61), колега и пријател на актерката Мери Пат Гилсан.
Јавноста ја познава по улогите во американскиот ситком „Мамичка“, тинејџ комедијата „Пепелашка“ но глумеше и во „Пријатели“ каде ја играше улогата на урнебесно смешната медицинска сестра Сајзмор.
Исто така има глумено во „Вил и Грејс“, „Домаќинки“, „Секс и градот“, „Како да се извлечете од убиство“, „Живот во фрагменти“…
Мери Пат Гилсон е родена во Лејк Сити во Минесота, а ја има освоено и наградата Еми.