Починал во својот стан во Прага.
Режисерот на цртаните филмови Том и Џери, Џин Дич почина на 95-годишна возраст во неговиот стан во четвртокот вечерта.
Тажната вест ја потврди неговиот чешки издавач Петр Химл, кој изјави дека неговата смрт е ненадејна.
Џин, чие полно име беше Јуџин Мерол Дич, има режирано 13 епизоди од најпознатиот цртан филм, за најпознатата мачка Том и глушецот Џери, како и неколку епизоди на Попај.
Во 1960 година, Јуџин освои Оскар за најдобар аниматор за кратки филмови за „Мунро“.
Роден е во Чикаго, а во 1959 година отпатувал во Прага на 10 дена, каде се заљубил и останал до крајот на животот.