Кога 20 дена по ред сте во карантин и прозорецот е ваш единствен контакт со надворешниот свет, чудните работи што ги гледате низ него можат да ве исплашат или да ве насмеат. За среќа, второто му се случило на Бразилец од Виторија, чие со целото семејство биле дома поради корона вирусот.
„Одеднаш забележав дека нешто чудно се случуваше во соседството. Дојдов до прозорецот и видов една познатата игра од 90-тите, Стрит Фајтер 2, која се прикажуваше на соседната зграда. Кога бев мал честопати играв сам, па затоа многу се израдував што повторно ја видов оваа игра”, напиша Бразилецот.