Подмладете ја вашата кожа од глава до пети

popara2 јуни, 20201min00
Young sexy girl taking a milk bath with rose petals closeup

Славната Клеопатра е позната како голем фараон од древниот Египет, но и како паметна и моќна жена со мистериозна убавина. Таа не е позната само како голем владетел туку и како жена која имала преубава и негувана кожа како главен адут на нејзината убавина и заводливост.

Според легендите, Клеопатра се капела во магарешко млеко, односно со млечна купка, во која додавала лаванда, мед и ливчиња ружа.

И ден денеска млечните купки се користат за негување на кожата на лицето и телото. Иако на прв поглед изгледа како тренд или купка која дава пријатно естетско доживување, млечната купка има и благотворно дејство на кожата.

Млечната киселина ги чисти и отстранува мртвите келии од кожата, правејќи ја да изгледа помладо и посјајна, а на допир е мека и мазна.

Алфа-хидроксни киселини кои содржат млеко обично се додавваат на хидратантните козметички производи, средства за чистење на кожата, тониците и маските за лице. Оваа киселина посебно делува на намалувањето на брчките и позитивно влијае на исушената кожа. Затоа капењето со млечна купка е природен начин да се негува и подмлади кожата од глава до пети.

Еве како да направите млечна купка како онаа на Клеопатра:

Состојки:

  • 2 шољи млеко во прав (козјо, кравјо или магарешко млеко)
  • неколку капки етерично масло од лаванда
  • 1 шоља морска сол со мирис на ружи
  • 1/2 шоља сода бикарбона
  • 2 лажички мед
  • по желба може и да додадете и млеко од бадем.

Припрема:

Во поголем сад измешајте ги сите состојќи и додадете 1 литар вода. Состојките матете ги додека грутките ги снема. Смесата сипете ја во када и наполнете ја со топла вода. Со рака измешајте ја и по желба додадете листови ружа. Опуштете се и уживајте во нежната купка и заводливиот мирис.

Овој рецепт е флексибилен и може да го прилагодувате според вашите желби, може да се менува изборот на сол, типот на млекото, мирисите и останатите состојки се со цел да добиете пријатно искуство по ваша желба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag