Погледнете ја бањата во којашто можете да се капете во вино, кафе или чај: Спа центарот Јунесун во Јапонија е како од соништата, но отворен е само 16 дена во годината!
Во 2014 година започна трендот на капење во вино, најмногу меѓу побогатите луѓе. Како што одминуваше времето и немаше недостаток на интерес, туристичките објекти станаа сè попривлечни за нови посетители.
Сопствениците на тематската бања Јунесун, дојдоа на генијална идеја, да направат СПА базени како специјална понуда во која можете да пливате во бело и црвено вино, чај, кафе, млеко, но и во супа со нудли.
Употребата на црвено вино како третман за убавина не е новост на модерното време. Во времето на Клеопатра и Римјаните, жените се капеле во вино за да ја направат кожата поблага, а египетската кралица се верува дека сакала да се капе во вино, додека истовремено ја масираат со масло од грозје.