Мајката на познатиот актер Лиам Нисон, Кити Нисон почина вчера на 94 години во Северна Ирска.
Мајката на актерот, инаку поранешен кувар, почина еден ден пред 68-миот роденден на својот син, Лиам. Нејзината смрт е спомената на мисата во Црквата на сите светци во Балимен, пренесува Metro.
Кити била мажена за Бернард Нисон и имала 4 деца, синот Лиам и ќерките Елизабет, Бернадет и Розалин. Лиам, кој е најпознат по улогата во франшизата Taken, не ја коментираше јавно смртта на неговата мајка.
Ѕвездата исто така ја изгуби својата сопруга Наташа Ричардсон во 2009 година откако таа претрпела тешки повреди на главата по скијачка несреќа во канадскиот град Монтреал. Лиам и Наташа заедно имаа две деца, синовите Мајкл (24) и Даниел (23).