Најчестите симптоми кај заболените од корана вирусот во Европа се главоболката и губитокот на сетилото за мирис , покажуваат резултатите од истражувањата на Институтот ИФОС од Франција. Истражувањата покажале дека болеста се манифестира во различни облици, а симпомите зависат од возраста и полот на заболените.
Резултатите покажуваат дека дека овие симптони не биле забележани кај пациентите од Азија. Истражувањето било направено кај повеќе од 14 000 пациенти кои имале благ или умерен облик на заболувањето. Ова е објавено во „Journal of Intern Medicine“ каде што 7 до 10 заболени ги имале овие симптоми. Според истото се дошло до заклучок дека во 5 европски земји – Франција, Белгија, Германија, Италија и Швајцарија губењето на осетот за мирис е еден од специфичните симптоми на корона вирусот.