Surya на санскрит го означува Сонцето, а оваа мудра е наречена токму по него затоа што придонесува за зголемување на влијанието на елементот оган врз телото …
Surya Mudra е позиција на прстите која што ефикасно ја насочува енергијата и создава рамнотежа меѓу елементите.
Можете да ја изведувате мудрата во положбата на седење или стоење, но така што вашиот ‘рбет е исправен. Ставете ги рацете пред вас и свртете ги прстите на двете раце да се допрат со површината на палците, пишува Lovesens.
Ставете ги палците преку прстот кој се наоѓа до малиот прст, и обидете се да ги задржите останатите прсти исправени.
Оваа мудра треба да се практикува до 45 минути, што може да се распредели во три периоди од по 15 минути.
Постојат многу придобивки од изведувањето на Сурја Мудра. Нејзината практика му помага на телото да се загрее, но исто така е одлична и за лекување на настинки и губење на тежината.
Го намалува влијанието на елементот Земја – токму сузбивањето на овој елемент во прстот кој се наоѓа до малиот прст придонесува за намалување на дебелината, а будењето на елементот Оган ги топи мастите во телото.
Surya Mudra, исто така, може да се користи за ублажување на проблеми со желудната киселина – практикувајте ја најмалку 20 минути на ден.
Исто така, ќе им годи на сите кои страдаат од прекумерна чувствителност на студ, ја стимулира будноста и ја зголемуваат подвижноста на телото.