Моделот Ирина Шајек важи за една од најубавите жени на светот и една од најпосакуваните, па поради тоа многумина беа во шок кога се прошириа гласини дека нејзиниот сопруг Бредли Купер, со кој на имаат и ќерката Леа, ја изневерил со пеачката Лејди Гага за време на снимање на заеднички филм. Руската убавица минатата година се раздели од Купер и од неодамна е среќно вљубена, а се шушка дека тоа не е и единствената новост.
Ирина призна дека животот без Купер е за неа нешто ново иако на најновите фотографии таа се гледа дека поминува поприлично време со милионерот Вито Шнабел. Тие се неразделни и често се фатени како идат кон неговиот стан. Но новите фотографии откриваат нешто што никој не го знел.
Пред некој ден таа била фотографирана како го напушта домот на Купер каде што поминала 4 часа. Таа носела комбинација од широка Барбери кошула и краток шорц која се надоврзува на нејзината претходна комбинацијаи го поставува прашањето дали Ирина е трудна?