
За крај на работната недела, почастете се со чипс, но овој пат направете го сами.
Штом отворите вреќа чипс, навистина е тешко да се запре, но сите добро знаеме колку е нездрава оваа закуска. Затоа, подгответе си своја, поздрава верзија денес. Уживајте во филмот и опуштете се по напорната работна недела.
Земете неколку компири, хартија за печење, малку маслиново масло, сол, бибер и зачини по желба. Можете да направите чипс со вкус на кромид, затоа користете кромид и лук во прав, оној со црвена пиперка или медитеран, со рузмарин.
Исечете го на многу тенки парчиња, а рендето најдобро ќе ви помогне. Наредете го на хартија за печење, додадете малку масло и зачини по ваш избор.
Печете во рерна на 200 ° додека не добие златна боја и стане крцкав.