Помошникот на Џони Деп тврди – Амбер Херд е социопат!

popara15 јули, 20201min00
amber

Ако му се верува на зборовите на помошникот на Џони Деп, неговата поранешна сопруга Амбер Херд е таа која беше „социопат“, „насилник“ и „макијавелски владетел“ во нивната врска.

На судењето во кои се спротиставени страните на Џони Деп и медиумот The Sun, кој го нарекувал злосторник, помошникот на Деп , Стивен Дејтерс претстави серија докази против Херд и во своето сведочење тврдеше дека таа го злоставувала него со години и дека тој бил „крајно изненаден и згрозен“ кога се појавиле приказни во јавноста за тоа како таа барала забрана за пристап од страна на актерот.

На прашањето како се чувствува откако се разведоа, Дејтерс рече дека му олеснило, а прочитана е пораката која помошникот ја пратил на пријателот на Деп, глумецот Паул Бетани: „Моментот кога сè ќе се собере и сите срања ќе се натрупаат. Јас само се обидувам да го држам присебен во моментот, но ако ништо друго, кучката си отиде. Да, мислам на Амбер. Ова беше големо олеснување и за Бети Су(мајката на Деп)

Дејтерс продолжи да ја опишува сликовито во пораките: „Социопатска кобила. Неталентирана пи***. Збогум на лошата состојба. Да, мислам на Амбер, а не за мама, иако и таа беше ѓавол“.

Што се однесува до врската на Деп и Херд, Дејтерс мислеше дека тие се две лица кои се сакаат едни со други, но никогаш не требаше да бидат заедно. Но, тој додаде дека никогаш не видел дека Деп е насилен кон неа или и се заканува. Сепак, тој на крајот додаде дека би застанал на нејзина страна доколку Деп бил проблематичниот.

The Sun , во меѓувреме, продолжува да пишува за Деп како силеџија и објави напис во кој се тврди дека има докази дека Амбер Херд има модринки под двете очи во декември 2015 година, кога таа беше гостинка во шоуто Џејмс Корден.

Секако, Деп призна за време на судењето дека тоа е резултат на ударот во главата, но тој инсистираше на тоа дека ударот е случајен и дека дефинитивно не бил доволно силен за да остави вакви повреди.

Ова го потврди и холивудската стилистка Саманта Мекмилен, која тврди дека таа актерка ја видела тој ден без шминка, и немала модринки под очите.

“Во текот на денот јасно можев да видам дека таа нема очигледни повреди, исеченици или модринки на лицето или кој било дел од телото. Јас подоцна дознав дека Деп беше обвинет за насилство “.

Деп тврди дека Хард ги лажирала повредите со цел да го омаловажи во тужбата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma