Поради семејна трагедија се исели од родната земја, а потоа една судбоносна средба на плажа и го промени животот!

popara26 јули, 20203min00
sofia

Колумбиската убавица Софија Вергара е најпозната по ликот на Глорија во популарната серија „Модерно семејство“, која и донесе светска слава.

Актерката е родена во Баранкила како ќерка на домаќинка Маргарита Вергара и сточар Јулија Вергара, кој покрај неа имаше и пет други деца. Софија првично отиде на колеџ за стоматологија во Колумбија, но го остави на два семестри пред дипломирањето за да ја оствари својата модна и актерска кариера.

Поради семејната трагедија што и се случи, Вергара одлучи да отиде од Колумбија за Америка,Мајами. Имено, нејзиниот постар брат Рафаел беше убиен во 1998 година за време на обид за киднапирање. За да не настрада  во немирите што следуваа, Софија се исели од нејзината родна земја.

Патем, Вергара ја започна својата модна кариера во моментот кога еден фотограф ја забележи на колумбиската плажа и и понуди ангажмани за моделирање и работа на телевизија. Таа беше исплашена и не сакаше веднаш да ја прифати понудата за телевизиски реклами, но нејзините наставници од католичкото училиште ја охрабрија да проба. Како 17-годишна, таа се појави во реклама за Пепси што се емитуваше во Латинска Америка.

Софија играше неколку ситни улоги, а нејзината голема можност се појави во 2009 година, кога таа започна да глуми во серијата-комедија „Модерно семејство“. Таа ја глумеше колумбијката Глорија која се омажи за еден постар, богат човек кој се викаше Јаја, кој има живописно семејство.

Вергара е најплатена телевизиска актерка во последните неколку години поради таа серија, а нејзината вредност се проценува на 180 милиони американски долари. Таа често е на списоците на најубавите актерки во светот, а беше прогласена за највлијателна латиноамериканка во Холивуд.

Софија ја доби својата ѕвезда на Hollywood Walk of Fame во мај 2015 година. Пред неколку месеци беше објавено дека актерката ќе се најде на жирито на познатата емисија „America’s Got Talent“.

Патем, Вергара е природна русокоса, но поради нејзината актерска кариера, честопати од неа се бара да ја исфарба косата кафеава или црна за да може подобро да се совпадне со стереотипниот изглед на Хиспанците.

Софија е во брак со колегата Џое Манганиело (43) од 2015 година, а и пред тоа имаше еден брак. Имено, како 18-годишна, таа се омажи со нејзината љубов од средно училиште Џое Гонзалез и тие добија син, Манол (28). Тие се разведоа во 1993 година, по две години брак.

Актерката се бореше со карциномот на тироидната жлезда во 2000 година, но и го отстранија и таа одеше на радиојодна терапија и целосно се опорави. Но, зема лекови кои спречуваат хипотиреоидизам, нарушување на намалено лачење на тироидните хормони во организмот..

View this post on Instagram

Feels like🌞🌞🌞

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) on

Софија еднаш ги имаше наполнето медиумските страници со судската постапка со својот поранешен вереник, претприемач Ник Лоеб (44). Двојката раскина во 2014 година по четиригодишна врска за време на која им беа замрзнати ембрионите. Лоеб поднесе тужба против Вергара за старателство над ембрионите и сакаше законска дозвола за нивно користење преку сурогат мајка.

Ник прво поднел тужба во Калифорнија, но ја повлекол кога судот побарал информации за две жени со кој бил во врска и ги замолил да направат абортус. Потоа, тој поднесе тужба против Вергара во Луизијана која на крајот беше отпуштена затоа што судијата рече дека нема надлежност да одлучува за работи поврзани со друга држава.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag